2D HIFU ULTHERA

Професионален HIFU систем за неинвазивен лифтинг и затегнување на кожата 2D HIFU ULTHERA е професионален систем базиран на HIFU – High Intensity Focused Ultrasound технологија, наменет за неинвазивен лифтинг, затегнување и подобрување на изгледот на кожата на лицето, вратот и деколтето. Технологијата користи високо фокусирани ултразвучни бранови кои ја насочуваат енергијата на прецизно определени длабочини во ткивото. На овој начин се создава контролирана термална стимулација во подлабоките слоеви, без директно оштетување на површината на кожата. Третманот има за цел да го стимулира природниот процес на создавање нов колаген и да придонесе за поцврст, позатегнат и поизразен изглед на контурите. 

Зошто 2D HIFU ULTHERA? 

Системот располага со 5 различни длабочини на работа, овозможувајќи третманот да се приспособи според регијата и структурата на ткивото. Фокусираната HIFU енергија може да делува во различни слоеви на кожата и поткожното ткиво, вклучувајќи ги подлабоките структури кои се таргетираат при професионалните HIFU lifting протоколи. 

Во зависност од регијата и избраниот кертриџ, системот може да се користи за: 

• неинвазивен лифтинг на лице 

• затегнување на опуштена кожа 

• подобрување на контурите на лицето 

• дефинирање на линијата на вилицата 

• третман на подбрадок 

• подигнување на веѓите 

• подобрување на изгледот на пределот околу очите 

• затегнување на врат и деколте 

• подобрување на изгледот на опуштени образи 

• стимулација на колаген 

• подобрување на текстурата и цврстината на кожата 

• третмани на одредени телесни региони со подлабокиот кертриџ 

Предности на технологијата 

Неинвазивен третман Без хируршка интервенција и без класичен период на опоравување. Прецизно насочена енергија Енергијата се фокусира на избрана длабочина, додека површината на кожата останува минимално засегната. Стимулација на колагенот Контролираната топлинска енергија го активира природниот процес на ремоделирање на колагенските влакна. Лице и тело Различните кертриџи овозможуваат работа на повеќе длабочини и различни третмански региони. Минимален downtime Клиентот вообичаено може веднаш да продолжи со своите секојдневни активности. 5 работни длабочини 1.5 mm – ES кертриџ За површни слоеви и деликатни региони. 1.5 mm – DS кертриџ Дополнителна опција за прецизна работа на површните структури. 3.0 mm За дермалниот слој и стимулирање на колагенските структури. 4.5 mm За подлабоки lifting протоколи и таргетирање на SMAS регијата. 13.0 mm За подлабоки телесни региони и професионални body contouring протоколи. 

Најчести регии за третман лице 

• чело 

• предел околу очи 

• веѓи 

• образи 

• линија на вилица 

• подбрадок 

• врат 

• деколте 

• избрани телесни региони  

2D HIFU ULTHERA by SKINTEC Premium Technology 

Современо решение за салони за убавина, естетски центри и професионални студија кои сакаат да понудат напредни неинвазивни HIFU третмани. 

SKINTEC Premium Technology Професионална технологија • Обука • Техничка поддршка • Сервис

Scroll to Top